Претходниот обид на консумирање на инсулинот во облик на таблети пропадна поради тоа што тој се растворал во желудочната киселина и прерано ослободувал хормони.
Милиони пациенти кои живеат со дијабетес конечно би можеле да бидат поштедени од непријатните инсулински инјекции.
Истражувачи од Технолошкиот институт од Масачусетс создале капсула инсулин која е доволно силна да ја “преживее“ желудочната киселина.
Научниците создале капсула од 3 центиметри која е доволно цврста да го поднесе “непрјателското“ опкружување, покажале испитувањата кои биле направени на свињи. Овие капсули се направени за да можат да ја преживеат желудочната киселина.
Заштитниот слој е дизајниран за да може да се раствора во средина чија pH вредност е поголема од 5.5, а капсулата потоа се “залепува“ за ѕидот на цревата и го испушта лекот директно во крвотокот каде што делува како инјекција инсулин – го намалува шеќерот во крвта. Цел овој процес трае неколку часа.
Истражувачкиот тим изјавил дека се надева дека овие капсули во иднина ќе бидат од неизмерна помош за луѓето кои имаат шеќерна болест.
Многубројни здравствени организации го пофалиле ова истражување, нарекувајќи го како “возбудливо“ и велејќи дека токму тоа може да биде корисно за милиони луѓе.