Животот никому не останал должен: Најдобриот рецепт за прекрасен живот

Животот е прекрасен, дури и ако не е онаков каковшто сте го замислувале кога сте биле мали.
Годините си пропаѓаат, а ние постојано чекаме нешто и никако да почнеме да живееме со полни гради, да бидеме посреќни и мирни, никако да почнеме вистински да живееме.
Сите тие години никако не можеме да ги вратиме и дури во староста можеби ќе сфатиме дека животот нечујно прошол покрај нас додека ние сме си замислувале како треба да го живееме.
Што и да ви се случи во животот, морате себеси да се потсетувате дека животот е од непроценлива вредност.


Животот е чудо, иако можеби тоа и не ви изгледа баш така во моментот.
Обрнете внимание на се што ви се случува, на луѓето кои ве опкружуваат, на настаните кои ве прават радосни или тажни. Прифатете се, без приговори. Дозволете си себеси да тагувате кога ви е тешко и да се радувате кога ќе доживеете успех.
Сакајте со цело срце. Сакајте се – и она што ви одговара и она што и не ви одговара. Извлечете го најдоброто од се, од секој настан, од секоја личност, од секој проблем, од секоја препрека.
Засакајте се себеси, засакајте ја вашата скапоцена улога во оваа непрегледна шема на работите. Вашето присуство не е случајно. Вие сте важна алка во огромниот ланец на постоењето.
Животот е подарок, иако можеби немате се што некогаш сте посакале.
Човекот го жнее она што го посеал. Затоа, ширете љубов, разбирање, добрина, човечност, искреност, сомилост, вера, сочувствување.
Верувајте дека на доброто со добро се враќа. Правете добри дела. Помагајте колкушто можете повеќе. Собирајте бодови кај таа моќна, креативна сила која ја нарекуваме Бог.
И запомнете една од најголемите вистини…
Животот никогаш никому не останал должен!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.