Околу ѕвездите што згаснуваат може да кружат планети со некој облик на живот, и доколку таков живот постои, би можеле да бидеме во моќност ада го откриеме во текот на следната декада, тврди научник од американскиот Харвард-Смитсонијан центарот за астрофизика (CfA).
Овој охрабрувачки наод доаѓа од новото теоретско истражување на планетите слични на Земјата во орбитите на ѕвездите кои се ткн „бели џуџиња”. Научниците откриле дека би можело да се открие кислород во атмосферата на планета којашто кружи околу „бело џуџе” многу полесно отколку на планета слична на Земјата која кружи околу ѕвезда слична на Сонцето.
„Во потрага по вонземските биолошки траги, првите ѕвезди коишто ќе ги истражуваме треба да бидат бели џуџиња”, вели Ави Леб, теоретичар од Харвард-Смитсонијан центарот за астрофизика (CfA) и директор на Институтот за теорија и пресметки, пренесува порталот Newsroom America.
Кога ѕвезда како Сонцето ќе умре, се накрева преку своите надворешни слоеви, оставајќи зад себе зовриено јадро кое се нарекува бело џуџе. Типичното бело џуџе е со приближна големина како Земјата. Таа полека се оладува и бледнее со текот на времето, но може да ја задржи топлината доволно долго за да ја загрева блиската околината милијарди години.
Имајќи предвид дека белото џуџе е многу помало и послабо од Сонцето, планетата би требала да му биде многу поблиску за на неа да има проточна вода на површината. Планета што би можела да биде населена би го обиколил белото џуџе еднаш на секои 10 часа на оддалеченост од околу 1,6 милиони километри.
Пред ѕвездата да стане бело џуџе, таа нараснува во ткн „црвен џин”, зафаќајќи и уништувајќи го сите планети во близината. Значи, планетата би требала да стигне во населивата зона откако ѕвездата еволуирала во бело џуџе. Планетата би можела да се формира од остатокот на прашина и гас или да стигне во орбитата од поголема оддалеченост.
Доколку планетите постојат во населивите зони на белите џуџиња, би требало да бидат пронајдени пред да можеме да ги проучиме. Изобилството на тешки метали на површината на белите џуџиња сугерира дека значаен дел од нив има околу себе карпести планети Леб и неговиот колега Дан Маоз проценуваат дека истражувањето на 500 најблиски бели џуџиња може да резултира со воочување на една или повеќе населиви планети од типот на Земјата.
Најдобар начин за пронаоѓање на таквите планети е транзитното пребарување, односно трагање по ѕвезда која го придушува сјаењето додека планетата во орбитата минува пред неа. Имајќи предвид дека белото џуџе е со слична големина како Земјата, планетата со големина како Земјата би блокирала голем дел од нејзината светлина и би создавал очигледен сигнал.
Можно е да се проучуваат само атмосферите на планетите при поминување пред ѕвездата. Кога светлината на белото џуџе ќе засвети низ прстенот од зрак кој го опкружува дискот на силуетата од планетата, атмосферата апсорбира дел од ѕвездената светлина. Тоа остава хемиски отпечатоци кои покажуваат дали воздухот содржи водена пареа или дури и траги од живот, како што е кислородот.
Астрономите се посебно заинтересирани за пронаоѓање на кислородот, бидејќи тој во атмосферата на Земјата постојано се дополнува, низ фотосинтезата на растителниот свет. Кога сиот живот на Земјата би престанал, нејзината атмосфера набрзо би останала без кислород, кој би се разградил во океаните и би оксидирал на површината. Значи, присутноста на големи количества кислород во атмосферата на оддалечена планета би сигнализирала веројатна присутност на живот.
Вселенскиот телескоп на американската агенција за космички истражувања NASA, Џејмс Веб (James Webb – JWST), чиешто лансирање е закажано за до крајот на оваа деценија, ветува дека ќе открие гасови на тие вонземски светови. Леб и Маоз создале синтетички спектар, реплицирајќи што JWST би воочил пребарувајќи планета погодна за населување којашто кружи околу бело џуџе. Тие утврдиле дека кислородот и водената пареа би биле препознатливи по само неколку часа набљудување.
„JWST дава најдобра надеж за пронаоѓање населена планета во блиска иднина”, смета Маоз.
Неодамнешното истражување на астрономите од Харвард-Смитсонијан центарот за астрофизика (CfA), Кортни Дресинг и Дејвид Чарбону, покажало дека најблиската населива планета веројатно би кружела околу ѕвезда од типот на „црвено џуџе” (изладен ѕвезда со мала маса која минува низ нуклеарна фузија).
Имајќи предвид дека црвените џуџиња, иако помали и послаби од Сонцет, се многу поголеми и посветли од белите џуџиња, нивното сјаење би го преплавило слабиот сигнал на атмосферата на планетата во чија орбита се. Телескопот JWST би морал да го набљудува со стотици часови минувањето на планетата за да би имало каква и да е надеж да го анализира составот на атмосферата.
„Иако најблиската населива планета би можела да кружи околу црвено џуџе, најблиската за којашто лесно можеме да ја докажеме е да на неа има живот, би моќела да круќи околу бело џуџе”, заклучува Леб.
Makфакс
Околу ѕвездите што згаснуваат може да кружат планети со некој облик на живот, и доколку таков живот постои, би можеле