Во натпреварот од 26. коло на шпанското фудбалско првенство, Жирона го победи Рајо Ваљекано со 3:0, со што се врати на второто место на табелата на Ла Лига.
По првото полувреме без голови, Жирона успеа да го скрши натпреварот со три гола. Виктор Циганков ги доведе домаќините во водство во 52. минута, а Жирона дојде чекор поблиску до победата во 76. минута кога гостите останаа без исклучениот Пеп Чаварија.
Со играч повеќе, Жирона до крајот на дуелот постигна уште два погодока, а стрелец на двата беше Савио во судиското надополнување (90+1, 90+5).
Жирона со оваа победа се врати на второто место со 59 бодови, шест помалку од водечкиот Реал, но два повеќе од Барселона на третото место.Рајо Ваљекано е 14-ти со 25 бодови, седум повеќе од зоната за испаѓање.