Житарките не се толку здрави и диетални

Гликозно фруктозните сирупи кои се наоѓаат во муслите, јаглехидратите во комбинација со млеко се дури и опасни за здравјето, затоа што при често користење се потенцијална причина за развивање на дијабет, кој пак прави низа други проблеми…
Иако многумина мислат дека е добро денот да го започнат со млеко и жирки, во заблуда се. Гликозно фруктозните сирупи кои се наоѓаат во муслите, јаглехидратите во комбинација со млеко се дури и опасни за здравјето, затоа што при често користење се потенцијална причина за развивање на дијабет, кој пак прави низа други проблеми. Мислите дека слабеете, се мачите, а ефектот е спротивен. Со внесот на адитиви и рафинирани шеќери, карамелизирани зрнца, во организмот внесувате шеќерна бомба.
Пред да навалите на диетални житарки и енергетски плочки, добро размислете. Иако ги јадеме затоа што мислиме дека така внимаваме на линијата, стручњаците предупредуваат дека всушност тие се преполни со шеќери и адититви. До неодамна беа прогласувани за здрава храна, се препорачуваа за појадок, но всушност поновите откритија за нив укажуваат дека тука се крие опасност. Не само што нема да ослабете туку може и да се здебелите. Оние со овошни додатоци се со 5% повеќе шеќери. Се рекламираат како здрави грицки, а воопшто не се. Дури ниту на декларацијата и составот не ги пишува сите состојки, па ги ставаат луѓето во заблуда.
Стручњаците сметаат дека препечените житарки се најопасни, зашто освен шеќери содржат и трансмасти или заситени масти се подеднакво опасни и причина за срцеви и васкуларни заболувања. Истражувањата во Корнел Универзитетото во САД покажале дека житарките воопшто не се диетални зашто сите членови на семејство што ги користеле, во просек имале по 9 килограми повеќе од оние што не ги користеле.


Се уште постојат спротивставени мислења на оваа тема, бидејќи се што е храна има и позитивни и негативни страни, се зависи колку и како се користи, колку сте возрасни и какви се другите објективни или субјективни фактори за здрав животен стил. Можеби е подобро да се јадат житарки отколку месо, но, мора да се земе предвид глутенот и скробот во житарките кои во телото на луѓето се однесуваат како лепак. Тука се и пестицидите и секако генетски модифицираните сорти житарки кои даваат поголеми приноси отколку природните. Скробот и глутенот и неможноста на човечкиот организам да ги сварат потполно, доведуваат до состојби и заболувања како висок крвен притисок, инфаркти, дијабет, воспаленија на белите дробови, и други воспалителни процеси во организмот, потоа остеопороза, настинки, бронхитиси, херпеси. Се додека не се исфрлат од употреба телото ќе страда. Затоа добро размислете колку и како ќе користите житарки, особено спакувани како чоколади. Сепак ако решите наместо нешто друго благо, да јадете житарки, внимавајте тие да содржат повеќе протеини и влакна, а помалку рафинирани шеќери. На пример корнфлекс пченкарните снегулки имаат над 30% протеини и помалку шеќери. Наместо житарки подобро е да земете овошје меѓу оброците, или за појадок.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.