Жителите на Бангкок крварат поради загадениот воздух – Скопје не е далеку

Луѓето во Бангкок се гушат од смогот во градот. Воздухот стана толку лош во делови од градот, што жителите добиваат тешки кашлици и чести крварења од нос. Некои од нив се жачат на воспаление на очите од загадениот воздух. Главниот град на Тајланд е зафатен со токсичен смог веќе две недели, при што експертите сугерираат дека долгорочнио ваквата состојба ќе ја чини државата многу.
– Пред неколку вечери не можев да спијам од кивавицата. Н ситуацијата беше полоша утрото, кога покрај кивањето имав проблем и со крварење од нос. Никогаш досега не ми се случило да исфрлам крв од нос при кивање = вели една жителка од Бангкок.
Жителите се жачат дека загадениот воздух носи многу вируси и бактерии кои му штетат на организмот. На голем дел од нив им се дијагностицирани инфекции на белите дробови со повраќање и кашлање крв по неколку дена.


Тајландската влада презела мерки против загадувањето. Биле вклучени летала кои прскаат со вода, а биле затворени и 439 училишта. Но граѓаните велат дека промени големи не се чувствуваат. Лицата кои боледуваат од асма стигаат до интензивна нега.
Покрај луѓето страдаат и животните. Сопствениците на домашни миленичиња велат дека и животните страдаат од бронхит, дишни патишта преполни со прав.
Градот забранил движење на дизел возилата, а забрането е и било какво палење оган во градот. Препорачано е луѓето да избегнуваат активностите на отворено. Некои фабрики ќе мора да бидат затворени на одредено време, а во однина истите мора да користат понова технологија која нема да загадува и да престанат со палење на отпад на отворено.
Скопје не е далеку. Сликата е слична. Градот се наоѓа на врвот на листата на најзагадени градови во светот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.