Жителите на Лос Анџелес добија наредба да останат дома поради Ковид-19

Градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети објави итна наредба, со која им се наложува на сите жители на градот да останат во своите домови поради зголемување на бројот на заразени случаи со коронавирус.
Наредбата на градоначалникот стапи во сила веднаш.
Гарсети привремено ја повлече претходната наредба „Посигурни дома“ и издаде нова „неопходна за заштита на животот и имотот“ во градот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.