Жителите на селото Побожје се мобилизирани да го бранат манастирскиот комплекс „Света Богородица“, кој, како што тврдат, е под закана од проектот за изградба на Мега парк и плоштад во Радишани. Овој проект, кој го предложи локалната власт предводена од градоначалникот Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ, се смета за сериозна опасност за интегритетот и духовниот карактер на манастирскиот комплекс.
Се работи за парк кој е финансиран од унгарскиот кредит, и истиот се гради на нелегално префрлани и узурпирани три и пол илјади квадрати земјиште што му припаѓа на мнастирот во атарот на селото Побожје во Општина Чучер Сандево.
„Бараме итно да запре изградбата на таканаречениот Мега парк и плоштад во Радишани на илјада квадрати, во спротивно ќе ги преземеме сите правни средства за одбрана на манастирскиот имот. Нашите предци се грижеле за овој манастрирски комплекс, а наша должност е да го заштитиме и да го браниме како наше историско, културно и духовно наследство ! Владината свита на 23 март најави мега парк на простор од 10.000 метри квадратни, од кои 6.000 квадрати ќе бидат зеленило, а на 4.000 метри квадратни ќе се изгради плоштад на кој ќе има големо детско игралиште и пешачки патеки. Тврдиме, што е видливо од имотниот лист, дека паркот е на нелегално одземени 3.660 квадрати земјиште. Во 2017 година градоначалникот Велимир Смилевски од СДСМ почна проект за изградба на пешачка патека на парцелата каде што се наоѓа манастирскиот комплекс, но со кој што се предвидуваше зачувување на овој имот на важниот црковен споменик. Во 2021 година актуелниот градоначалник Дарко Костовски од ВМРО ДПМНЕ почна со активности за реализација на неговиот проект мега парк/плоштад на илјада квадрати, а на 23 март годинава без да ги извести жителите на селото Побожје почнал со градежните работи. Во меѓувреме, спорната парцела Митрополијата или МПЦ, сеедно, во октомври 2024 и ја отстапиле на Општината Бутел. Затоа бараме Општина Бутел и Костовски итно да престанат со сите градежни зафати, да ја отстранат градежната механизација додека не се реши овој имотно – правен спор“, велат жителите на Побожје.