Жителите од Северна Македонија масовно заминуваат со билет во еден правец (ВИДЕО)

Северна Македонија се празни. Жителите велат дека тешката економска состојба ги принудува да одат на печалба. На релација Скопје – Берлин автобусите се преполни. Само во петокот од Скопје тргнаа 5 автобуси.
Ова е Хесат Беџети од село Желино, Тетовско кој купил билет во еден правец за Германија, се вели во репортажа на ТВ“21“ која пренесува разговори со повеќе млади луѓе.

Во декември минатата година, германскиот амбасадор во Македонија, Томас Герберих истакна дека секој ден има од 70 до 80 апликации за виза во нивната амбасада. Според него, за земја како што е Северна Македонија, ова е многу голема бројка.
Извор: тв21

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.