53-годишен скопјанец од населбата Чаир вчера ја претепал сопругата, по што бил агресивен и кон полицајците кои биле повикани да интервенираат, соопшти МВР.
„Вчера во 18.00 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Р.(53) од Скопје. Тој во семејниот дом физички ја нападнал својата 49-годишна сопруга, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија“, пишува во полицискиот билтен.
По целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.