Жител на Љуботен во изјава за вестите на Сител вели дека оваа акција која утрово ја спроведе финансовата полиција и МВР поради сомнение за сторено кривично дело криумчарење со акцизна стока и царинска измама само ги вознемирило граѓаните.
Тутунот на селаните што го работат по нивните ниви тие го земаа денеска и бараат некаков си друг тутун што не е дозволен, но тој не е најден тука во селото. Така што овој тутун што е најден тука е со потта на граѓаните, селаните сами работат, не се вработени на друго место од каде ќе може да имаат финансии за живеење, ова денеска од село Љуботен го изјави жител на селото.
Тој додава дека жителите имаат свои ниви и работат само со две култури само со тутун и бостан, а ако и тоа нема да им го дозволат на нивните селани, што ќе им дозволат? Да крадат? Прашува жителот на Љуботен.
-Јас ќе кажам еден голем збор, во 2001 немаше толку полиција внатре во селово и сета оваа галама да се напрати за потта на граѓаните мислам дека не е во ред, рече тој.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.