Од денес (1 октомври) Жичарницата “Милениумски крст“ ќе работи еден час помалку од досега, односно до 18 часот. Работното време ќе биде од 10 до 18 часот, при што последното возење од долу нагоре е во 17:30 часот, а во 17:45 часот од горе надолу. Согласно утврдениот возен ред работното време од 10 до 18 часот важи до 1 ноември.
Жичарницата на Средно Водно работи секој ден освен во понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен технички преглед на објектот, информираат во соопштението од ЈСП Скопје.
Пронајдете не на следниве мрежи: