Жичарницата на Водно од денес со ново работно време

Од денес (1 октомври) Жичарницата “Милениумски крст“ ќе работи еден час помалку од досега, односно до 18 часот. Работното време ќе биде од 10 до 18 часот, при што последното возење од долу нагоре е во 17:30 часот, а во 17:45 часот од горе надолу. Согласно утврдениот возен ред работното време од 10 до 18 часот важи до 1 ноември.
Жичарницата на Средно Водно работи секој ден освен во понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен технички преглед на објектот, информираат во соопштението од ЈСП Скопје.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.