Жичницата на Водно од утре со продолжено работно време


Последното возење од средно Водно до врвот е од 17:30 часот, а последното возење од врвот до средно Водно е во 17:45 часот

Од утре, 2 април, жичницата на Водно ќе работи еден час повеќе, поточно од 10 до 18 часот, соопштија од Јавното Сообраќајно Претпријатие (ЈСП).

Жичницата на Водно / Фото: МИА

Во согласност со возниот ред за месец април, последното возење од средно Водно до врвот е од 17:30 часот, а последното возење од врвот до средно Водно е во 17:45 часот.

Од ЈСП потсетија дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за жичницата се неработни денови.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: