ЖОЛТ КОЛАЧ СО ПРАСКИ: Освежувачки десерт готов за половина час

Ви треба:

3 јајца1 шолја шеќер1 чаша брашно1 шолја гриз1 чаша јогуртполовина чаша масло1 прашок за пециво1 ванилин шеќер500 гр излупени праскишеќер во прав

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Одделете ги белките од жолчките. Во еден сад изматете ги белките со шеќерот. Потоа додадете ги жолчките и изматете. Во сад измешајте ги брашното, гризот, ванилиниот шеќер и прашокот за печиво. Во изматените јајца постепено додавајте го измешаното брашно и јогуртот. На крај додадете го маслото. Истурете ја смесата во плех обложен со хартија за печење, а одозгора наредете ги исчистените и исечкани праски. Колачот се пече половина час во загреана рерна на 200 степени. Испечениот колач изладете го, па посипете го со шеќер во прав.

Пронајдете не на следниве мрежи: