„Тоа е дел од ангажманот на земјите-членки кои работат на зајакнување на билатералните односи со Србија, а исто така е важно во контекст на европскиот пат на Србија“, изјави Жофре за новинарите во Белград, по презентацијата на програмата за училишна размена во Западен Балкан.
Макрон утре и задутре ќе престојува во Србија, каде ќе разговара со претседателот Александар Вучиќ, ќе ја открие плочата по повод завршувањето на работите за модернизација на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, ќе ја посети галеријата Матица Српска во Нови Сад и ќе одржи говор на Форумот за млади и вештачка интелигенција.
Елисејската палата претходно објави дека Макрон ќе ја потврди поддршката за европската интеграција на Србија и дека неговата посета ќе биде можност да разговараат со Вучиќ за економијата, здравството, енергијата, културата и вештачката интелигенција.