Жртви на „Јавна соба“ сведочат за злоупотреби на нивни фотографии

Граѓани пријавија, МВР истражува, обвинителството на потег. Најхрхабра и најгласана Ана од Квадарци која јавно истапи и проговори како станала жртва на монструозноста на над 5000 членови на тајната група „Јавна соба“ преполна со експлицитни содржини, голотија, лаги и злоупотреба на телефонски броеви, слики и лични податоци.
Жртвата не верувала дека ќе стане прогононувана. Откако нејзината слика била објавена во групата, нејзиниот телефон неприкнато звонел од членови на „Јавна соба“ кои од неа барале сексуални услуги. Вознемирена, исплашена и лута, случајот го пријавила во одделението за сајбер криминал во МВР.
Граѓаните се сомневаат дека на платформата Телеграм за комуникација циркулираат најмалку три вакви затворени групи. МВР ги истражува , но Телегрма не им помага да за затвори, информираат од МВР.
„МВР ПРЕЗЕМА АКТИВНОСТИ ЗА РАСЧИТУВАЊЕ НА СЛУЧАЈОТ, А ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ И СО ИНТЕНЗИВНИТЕ НАПОРИ ДА СЕ ОСТВАРИ И ДИРЕКТНА КОМУНИКАЦИЈА СО ПЛАТФОРМАТА ТЕЛЕГРАМ КОЈА ДО СЕГА ДЕМОНСТРИРА ЦЕОСНА ЗАТВОРЕНОСТ ЗА СОРАБОТКА СО ВЛАДИТЕ НА ДРЖАВИТЕ ОД КОЈА БИЛО ЗЕМЈА.
Додека, возрасните говорат и пријавуваат, малолетните жртви молчат. Од невладиниот сектор апелеираат дека токму заради неказнивоста за овој вид интернет злоупотреби одново се повторува.
СЛУЧАЈОТ ЈАВНА СОБА Е НА ТЕЛЕГРАМ ГИ ПОКАЖА НА НАЈГОЛЕМИТЕ НЕДОСТАТОЦИ НА СИСТЕМОТ НИЕ СМЕ ЕДНА РЕТКА ДРЖАВА КОЈА ИМАВМЕ ТОЛКАВА КОЛИЧИНА НА КРИВИЧНИ ДЕЛА СОБРАНИ НА ЕДНО МЕСТО ИМАШЕ НАД 20 – 30 ИЛЈАДИ ЧЛЕНОВИ, ВЛЕГУВАА, ИЗЛЕГУВАА ,СТАБИЛНА БРОЈКА ОД 10 000 ИЛЈАДИ ГИ ГЛЕДА, ГИ КОМЕНТИРА, И РАСКАЖУВА КОИ СЕ ДЕВОЈКИТЕ КАДЕ УЧАТ КАДЕ РАБОТАТ, ВЕЛИ ИРЕНА ЦВЕТКОВИЌ КОАЛИЦИЈА ”СЕКСУАЛНИ И ЗДРАВСТВЕНИ ПРАВА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ ЗАЕДНИЦИ’.
МВР и во минатото се бореше со сајбер злоупотребите за вакви цели на граѓани. Тогаш основачот на групата призна, се зиивни и заработи кривичн пријава. Додека МВР и обивнителството водат истрага им порачаа на граѓаните што се жртви на ваква злоупотреба да пријави во најблиската полициска станица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.