Забавата на Лорет де Мар

И покрај тоа што ова место во Шпанија најчесто е посетувано заради добрите можности за забава, сепак Лорет е место кои има многу повеќе што да покаже.
Модерен и динамичен град сместен на јужниот дел од Коста Брава се издвојува по можностите што ги нуди неговата локација – на 100 km од Франција и 75 km од Барселона, со шармантен брег со плажи и заливи, богато културно наследство, мали селца, средновековни замоци, цркви и градини.

Се протега на површина од 48 километри квадратни, неговата историја се протега длабоко во минатото, а градот успеал да го сочува она по што е познат. Не само со плажи, ова место се одликува и со неверојатна архитектура и природи атракции. Исто така, важи за еден од подобрите спортски центри, бидејќи поседува атлетски терен, фудбалски стадион, павиљон за кошарка, ракомет, пинг понг, гимнастика, џудо…

Главната плажа долга 1.630 метри секоја година е наградувана со Сино Знаме, што значи дека е исклучително чиста, безбедна и ги задоволува еколошките стандарди. Всушност, вакви карактеристики имаат сите пет главни плажи на брегот долг 7 km. Покриена е со бела песок и е неверојатно опремена. Иако во околината има и други одлични плажи, оваа е најпосетувана.

За Лорет де Мар е познато дека е град кој никогаш не спие. Многу кафулиња, дискотеки, ноќни клубови, работат до рано наутро. Поради сето она што го овозможува, забавата овде не престанува. Она што е сигурно е дека освен што ќе си поминете убаво, ќе се вратите и со нови познанства, бидејќи доброто расположение овде не престанува, а насмевките од лицата, едноставно, не се симнуваат…
 
 
 
 
 И покрај тоа што ова место во Шпанија најчесто е посетувано заради добрите можности за забава, сепак Лорет е место кои

Пронајдете не на следниве мрежи: