Забави полни со блуд и разврат. Дали сте чуле за нив? Имало ли Македонци присутни?

Ема почна со бизнисот за тајни секс забави под маски и денес компанијата вреди пет милиони фунти, НО ИМА СТРОГИ ПРАВИЛА НА КОИ ГОСТИТЕ МОРА ДА СЕ ПРИДРЖУВААТ.
Жената која е сопственик на компанијата “тешка” пет милиони фунти, која се занимава исклучиво со организирање на луксузни забави за секс, открива тајни на својата работа. Ема Сајл има (40) и ја започнала компанијата KILL KITTENS во 2005 година, а нејзината фирма ја опишува како бренд за зајакнување на жените. Концептот им дава сигурен простор на жените за да ја истражат својата сексуалност. Забавите кои ги приредува се различни, посетени од 60 до 200 гости, а се одржуваат во станови, дворци, куќи во села блиску до Лондон, Њујорк, Париз, Венеција и Сиднеј.
Постојат строги правила кои секој гостин мора да ги почитува – едно е дека сите мора да носат маски, а најстрого правило што мора да се почитува е дека мажите не смеат да пристапат први на жените. Ема себеси се нарекува сопруга, мајка, ослободителка на жените и феминистка. Таа дошла на идеја да почне со овој специфичен бизнис, откако сфатила дека жените немаат каде да ја истражуваат својата сексуалност, без да бидат осудени од околината. Во времето кога почна да се прикажува “Сексот и градот”,се водеа многу разговори за женската сексуална револуција, жените почнаа отворено да зборуваат за сексуалниот живот, но тоа што беше напишано и за што се разговараше не се случуваше во општеството раскажува Ема. Пред да ја основа компанијата таа работела како финансиски ПР.
Името на фирмата, Killing Kittens, или едноставна кратенка КК исто така има интересна приказна. Произлезена е од поговорката ” Секој пат кога мастурбираш, бог убива по едно маченце”. Јас ја слушнав кога бев на Ибица и името не ми излегуваше од глава вели сопственичката. Не спиев три дена и конечно решив така да се вика мојата компанија”, објасни Сајл. На почетокот нејзините забави биле мали помегу 30 и 50 луге, но гласот се ширеше од уста на уста и со интернетот доживеа бум. Членовите станаа своевидно движење, а нашите членови јас ги нарекувам КК војска. Сега има забави насекаде околу светот, објаснува таа. Killing Kittens има онлајн заедница со chatrooms и блог. За да станете член, мора да се регистрирате и да се подложите на проверка. Пребарувачот бара испраќање на слики – за да потврдите дека сте вистинска личност, како и објаснување зашто пристапувате на страната, што барате. Членарината варира и е околу 20 фунти. Од речиси 100.000 членови ширум светот, повеќе од 70 отсто се од Обединетото Кралство, останатите од САД, Австралија и Европа. Членството изнесува 50 проценти жени, 50 проценти мажи.
Локациите на кои се одржуваат нејзините ексклузивни секси забави варираат од станови во кои може да собере 60 луѓе, до кањони и селски куки винарии кои имаат капацитет од 150 до 200 гости. “Ние веќе организиравме забави во Њу Јорк, Дубаи, во шкотски дворци, вили во Сиднеј, во Венеција, во Париз.
На сите маскирани забави, жените се облечени во коктел хаљини, се служи шампањ и коктели, ореви и слично”, тврди организаторот. Иако на забавите се мешаат екипите, жените не сакаат таму да има соло мажи за да се намали нивото на тестостерон. Имам групи девојки кои доаѓаат и танцуваат облечени само во долна облека и не сакаат да прават ништо друго, вака знаат дека никој нема да им додева и дека можат да уживаат “, вели Ема.
Секој кој сака, може и има можност да направи и повеќе, затоа постојат “собите за игра” опремени со свеќи, кревети и посебна музика. Ако некој сака целосно да се соблече и оди таму. Што се случува во собата за игра, останува во собата за игра вели таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.