Забавувај се и донирај за СОС Детско село на Меѓународниот ден на семејството

На интересен и забавен начин СОС Детско село и “Капитол“ мол одлучија да покажат дека семејството и среќата на децата се најважни. На 15. мај во 18.00 часот тие пред платото на “Капитол“ мол огранизираат настан по повод Меѓународниот ден на семејството.
По повод настанот ќе се организираат интересни семејни игри, креативна работилница „Го сакам моето семејство“, face painting и супер музичка програма. Водени од важноста на семејството и вклучувањето на што поголем број луѓе во настанот, повторно ќе им покажат на децата од СОС Детско село дека ниту едно дете нема да биде само.
– Секое дете расте во семејство, опкружено со љубов, почитување и чувство на сигурност. Ние градиме семејства за децата во ризик, им помагаме да ја оформат сопствената иднина и учествуваме во развојот на заедниците, е мисијата на СОС Детско село и секој кој ќе го посети “Капитол“ мол и ќе учествува на Меѓународниот ден на семејството – донирајќи и забавувајќи се – придонесува за реализација на оваа мисија.
Покрај овој настан периодов “Капитол“ мол прераснува во уште едно “Место со срце“ каде покрај забавниот шопинг, сите ќе може да донираат за СОС Детско село на означените продажни места. Таму во текот на овој месец веќе се поставени посебни касички за донации.
Повеќе информации за овој хуман гест и за настанот може да се најдат на Фејсбук страните на “Капитол“ мол или на СОС Детско село:

https://www.facebook.com/detskoselomkd/

https://www.facebook.com/capitolmall/

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.