“Заблуда е дека слатките дебелеат – ако ги јадете во ова време нема да добиете ни грам”

Францускиот нутриционист Паскал Гордон тврди дека секојдневната консумација на шеќер на ниту еден начин не ја нарушува нашата линија.
Десертите се дозволени, но постојат неколку правила кои треба да се почитуваат. Доколку не претерате со дневниот внес на калории, вашата тежина нема да се менува.
Шеќерот е неопходен за правилно функционирање на организмот. Кога го избегнувате шеќерот, мозокот започнува неправилно да работи, мускулите слабеат, а се јавува и чувство на умор и безволност. Целосното одрекување не е добра идеја, тврди Паскал.


Исто така нутриционистот не препорачува ригорозни диети:
“Тие имаат ефект само на краток рок, а кога започнувате нормално да се храните, килограмите повторно се “лепат” за вас”.
Исхраната мора да биде разновидна – слатките се дозволени, но најдобро е да ги консумирате наутро бидејќи тогаш најбрзо се варат.
“Ако ви се јаде нешто слатко, десертот можете да го изедете и на крајот од оброкот, но никако наместо ужина”, напоменува Паскал.
Шеќерот не е непријател на линијата сè додека го консумирате на вистинскиот начин и во ограничени количини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.