Заблуда за посните намирници: Големи грешки на верниците кои постат

Иако сигурно строго внимавате што јадете, за време на постот се случува понекогаш да консумирате нешто за што не сте сигурни дали е од животинско потекло.
Познато е дека постот не е само воздржување од храна, туку и од лоши мисли и дела, но многу верници не сакаат да се доведат до ситуација да направат „грев“ со храна, особено ако биле уверени дека во целост се придржувале на правилата.
Затоа, во продолжение ќе ги истакнеме заблудите на многу верници, поврзани со храната за која многумина мислат дека е посна, но всушност е од животинско потекло.


Денес, кога имаме шницли и гулаш од соја, растителна маст, сирење и млеко на база на растителни производи, посен маргарин, посен еурокрем…постот станува речиси незабележлив.
И вистина е дека верниците кои почнуваат да проучуваат, внимателно ги читаат состојките на производите и често запаѓаат во недоумица која храна треба да се смета за посна и да ја консумираат, а која е сомнителна и не треба да се користи. Се испоставило дека повеќето од тие „растителни имитации на мрсна храна“ всушност не се посни.
Посно е само сирењето од соја, а повеќето други намирници кои така се декларираат, содржат казеин, тоа е протеин кој го има единствено во млекото.


Многу е важно да ја прочитате декларацијата, бидејќи многу растителни сирења можат да содржат некои состојки од животинско потекло, како што е казеин протеинот. Ако купувате растителен кашкавал, проверете дали содржи казеин протеин.
Крем бананите не се посни, бидејќи во нив се наоѓа желатин, кој се прави од животинско потекло.
Истото важи и за гумените и желе-бомбоните.
Исто така, во многу пецива и тестенини има јајца или јајца во прав, затоа, не секоја тестенина е посна. На пример, лебот во некои пекари се премачкува со смеса која содржи јајца, за да добие сјај и крцкавост.
Шокантно е и сознанието дека не секоја рибина паштета е посна, па затоа се препорачува да се прочита декларацијата.
Многумина исто така мислат дека смоките како и останатите грицки слични на смоки се посна храна, меѓутоа не е така. Тие содржат млеко во прав и какао путер, а овие состојки не се посни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.