Заборавањето е корисно за вашиот мозок

Ново истражување на Универзитетот на Торонто оди во прилог на тезата дека заборавањето е заштитен механизам во самиот мозок, односно да не заштити од преоптовареност со информации.
Со други зборови, тоа е апсолутно полезна „функција“ за сивата маса во мозокот. Тоа е добра вест, особено за оние кои постојано забораваат каде си ги оставиле клучевите од куќата, на пример.
– Важно е тоа што мозокот заборава на непотребните подробности и се фокусира на нешта кои ќе ни помогнат за подобри решенија во иднина и при важни случаи, објаснува еден од научниците што го спровеле испитувањето, проф. Блејк Ричардс.


Статијата донекаде покажува и како работи мозокот – едно од најмистериозните прашања кои ја „мачат“ науката.
– Откривме многу докази дека има механизми со посебна функција за заборавање информации. Тие механизми се разликуваат од оние кои се користат за помнење, додава проф. Пол Френкланд.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.