Палентата се прави од пченкарно брашно, па веројатно не ви е јасно како е можно да ослабете со неа. Но, експертите истакнуваат дека всушност оваа диета е поедноставна отколку што изгледа.
Најважната предност на пченкарното брашно е тоа што е богато со растителни влакна, кои докажано позитивно влијаат на слабеењето. Тоа го постигнуваат со помош на два вида влакна – нутроиза и глукоманан, кои учествуваат во регулирањето на нивото на шеќер во крвта и спречуваат нагли скокови на гликозата кои доведуваат до постојана потреба за грицкање и прекршување на диетата.
Освен тоа, растителните влакна докажано го намалуваат апетитот бидејќи го продолжуваат чувството на ситост, а се сметаат и за „јадачи на калории“ бидејќи делуваат како сунѓер и спречуваат таложење на калории во стомакот, колковите, задникот.
Исто така, во споредба со повеќето брашна, пченкарното има помала калориска густина, така што можете да имате обилен оброк кој не е толку калоричен како што би бил ако користите бело, пченично брашно.
Според „Фетсикрет“, 100 грама жолто пченкарно брашно содржи 361 калории, без холестерол и натриум, како и 76,85 грама јаглени хидрати, 6,9 грама протеини, железо, калциум, калиум, витамин А.
Диетата базирана на палента, односно пченкарно брашно, е многу популарна во последните години и често може да се најде на Интернет како трик за брзо слабеење. Наводно, со оваа диета за кратко време се губи вишокот маснотии, а трае само четири дена.
Сепак, имајте на ум дека оваs диета не е истражена и нема медицински докази дека е навистина ефикасна и целосно безбедна, затоа не заборавајте да разговарате за тоа прво со вашиот избран лекар или нутриционист.
Подготовка на палента за оваа диета
Состојки:
– 100 г палента
– 2 чаши вода
– 2 јајца
– сол
– 2 лажички сусам
Подготовка:
Посолете ја водата и оставете да зоврие, па извадете ја и ставете ја палентата. Вратете го шпоретот, намалете на средна температура, а потоа брзо промешајте и додадете две свежи изматени јајца. Кога ќе биде готово, додадете малку сусам.
Мени за диетата со палента
Сите четири дена истото се јаде за три оброци.
Понеделник
Појадок: 100 г палента, шолја јогурт со малку маснотии и една свежа краставица
Ручек: 100 г палента, 50 г младо сирење и еден свеж домат
Вечера: 100 г палента, шолја кефир
Вторник
Појадок: 200 г палента, шолја јогурт со малку маснотии и една свежа краставица
Ручек: 200 г палента, 50 г младо сирење и еден свеж домат
Вечера: 100 г палента, шолја кефир
Среда
Појадок: 200 г палента, шолја јогурт со малку маснотии и една свежа краставица
Ручек: 200 г палента, 50 г младо сирење и еден домат
Вечера: 200 г палента, шолја кефир
Четврток
Појадок: 200 г палента, шолја јогурт со малку маснотии и една краставица
Ручек: 300 г палента, 50 г младо сирење и еден домат
Вечера: 200 г палента, шолја кефир
Пронајдете не на следниве мрежи: