Motorola го претстави новото moto e5 семејство на смартфони на 19 април 2018 година на глобален настан во Сао Паоло, Бразил. Со премиум карактеристики и функционалности, телефоните од новите moto g6 и moto e5 семејства се дизајнирани за корисниците и се со исклучително пристапна цена. Уредите се веќе достапни на нашиот пазар.
Пред 5 години Motorola го дополни пазарот со квалитетни телефони со одлични карактеристики по цена достапна за поширок круг на корисници. Телефоните требаше да бидат создадени во тековната година, а не да бидат првични модели по пониски цени.
Првиот moto g телефон стана најпродаваниот смартфон во историјата на Motorola. Оттогаш наваму Motorola продолжува да ги шири хоризонтите, особено со појавата на moto e – смартфон со одлични спецификации по добра цена. Сериите moto g и moto e претставуваат совршена комбинација на карактеристики за корисниците кои не сакаат да прават компромис за квалитет, стил и искуство.
Оваа година Motorola продолжува со најновите генерации на moto g и moto e. Тие ви ги нудат сите иновации кои се најважни за вас. Попаметни се од кога било, со посебен фокус на екранот, дизајнот и батеријата. Имаат моќен Qualcomm® Snapdragon™ процесор и работат со Android™ 8.0 Oreo™. Поддржуваат ексклузивни Moto Experiences функции кои отклучуваат голем број на AI можности.
moto g6: Инспиративен дизајн, креативни перформанси
moto g6 e создаден да импресионира. Со својот 5.7″ Full HD Max Vision екран, тој нуди живописни бои и прецизни детали, а задниот дел од 3D стакло го издвојува од повеќето премиум смартфони.
Напредниот софтвер на камерата гарантира портрети со квалитет како од студио и уметнички црно-бели фотографии, а забавните филтри доаѓаат заедно со двојната задна камера од 5MP + 12MP. Има и уште – веднаш заклучете и отклучете го вашиот телефон со мултифункционален читач на отпечатоци.
moto g6 play: Играj денес. Полни го утре
moto g6 play работи неуморно – исто како вас и ви остава многу време за игра. Неговата моќна 4000 mAh батерија трае до 36 часа со само едно полнење, давајќи ви максимална безбедност и спокојство кога сте далеку од контакт. Направете чекор напред со моќниот 1,4 GHz осумјадрен процесор кој ви ја дава потребната брзина за отворање на слики, апликации и сè друго, без сецкање или забавување.
moto e5: Видете повеќе. Правете повеќе.
moto e5 е до вас во текот на целиот ден. Со 5.7″ Max Vision екран, совршено се вклопува во раката благодарение на ергономски заоблениот заден дел и соодносот на сликата 18:9. Моќната батерија од 4000 mAh обезбедува енергија за целиот ден. Правете повеќе со леснотија – отклучете го телефонот за прегледување на известувањата, за повици или пристап до почетниот екран со моментален допир на читачот за отпечатоци кој е дискретно поставен во легендарното лого на Motorola. Со слот за microSD картичка имате простор за уште повеќе слики, музика и филмови.
Неограничен простор за складирање
Како и кај сите телефони на Motorola, Google Photos5 е стандардна галерија каде што сите ваши фотографии и видеа се зачувани. Вашите спомени автоматски се складираат и можете да пристапите, да ги споделувате и да ги уредувате од кој било уред.
Правни информации
Карактеристиките, функционалностите и спецификациите на производите варираат во зависност од мобилните оператори и подлежат на промена без претходна најава. Некои карактеристики, функции и спецификации на производите може да зависат од мрежата и да бидат предмет на дополнителни правила, услови и надоместоци. Сите тие подлежат на промена без претходна најава. Ве молиме разгледајте ги детално информациите за производот кои конкретниот мобилен оператор ги обезбедува, пред купувањето.
MOTOROLA, стилизираното лого M, MOTO и сите марки од MOTO семејството се регистрирани трговски марки на Motorola Trademark Holdings, LLC. Android, Google и Google Photos се трговски марки на Google Inc. Oreo е трговска марка на Mondelez International, Inc. group. Qualcomm и Snapdragon се трговски марки на Qualcomm Incorporated, регистрирани во САД и други земји. Qualcomm Snapdragon е производ на Qualcomm Technologies. Сите други трговски марки се сопственост на нивните соодветни сопственици. © 2018 Motorola Mobility LLC. Сите права се задржани.
1Сите тврдења во однос на капацитетот на батеријата се приближни и се засноваат на стандардниот профил на корисник (кој го вклучува како режимот на работа, така и режимот на подготвеност) при оптимални услови на мрежата. Вистинската издржливост на батеријата ќе варира и зависи од многу фактори, вклучувајќи ја јачината на сигналот, конфигурацијата на мрежата, возраста на батеријата, работната температура, избраните функции, поставките на уредот, спроведените разговори, користените податоци и употребата на други апликации.
2Читачот на отпечатоци не е достапен на некои модели. Ве молиме побарајте повеќе информации од продавачот.
3Напредната нано-обложувачка технологија создава водоотпорна бариера која штити од штети предизвикани од умерена изложеност на вода, како што се случајно истурање, прскање или лесен дожд. Уредот не е наменет да биде потопен во вода или изложен на вода или други течности под притисок. Не е водоотпорен.
4Поддржува microSD картичка до 128GB. MicroSD картичката се продава одделно. Можно е содржина со DRM ограничувања да не може да се премести во неа.
5Слободниот простор за складирање со висок квалитет бара профил во Google. Употребата на Google Photos треба да биде во согласност со Условите за користење на Google Photos достапни на http://www.google.com/policies/terms и Политиката за приватност на Google, достапна на http://www.google.com/policies/privacy/.
6Функцијата Moto Voice е во бета верзија.
За Motorola
Motorola Mobility LLC беше купена од Lenovo Group Holdings во 2015г. Motorola Mobility е подружница на Lenovo и е одговорна за дизајнирање и производство на сите производи со марката Moto.
За Lenovo
Lenovo е глобална компанија вредна 43 милијарди долари, светски рангирана во Fortune 500. Lenovo е лидер во обезбедувањето на иновативни кориснички и бизнис технологии. Нашето портфолио на висококвалитетни, безбедни производи и услуги опфаќа компјутери (вклучувајќи ги и легендарните брендови ThinkPad и YOGA), работни станици, сервери, сториџи, смарт телевизори и семејство на мобилни производи како смартфони (вклучувајќи ја марката Moto), таблети и апликации. Следете нè на Фејсбук или посетете не на www.lenovo.com/mk/mk/
Пронајдете не на следниве мрежи: