Заборавете на студот, набрзо доаѓаат пролетните температури- особено подгответе се за следниот викенд

Од УХМР информираат дека до петок ќе биде претежно сончево со значителен пораст на дневната температура, освен во среда кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд.
Повторно зголемување на облачноста со локални врнежи се очекува за време на викендот.


Дневната температура ќе се движи утре од седум до 14 степени, во среда од четири до 11, во четврток од седум до 14, петок од 13 до 20, сабота од девет до 16 и недела од пет до 11 степени.
Утринската температура утре ќе биде се уште ниска и под нулата и ќе се спушти до минус осум, од среда во некои делови ќе се заджи под нулата и ќе се движи од минус три до четири степени, во четврток од минус шест до три, во петок од минус пет до еден степен, во сабота од минус два до четири и во недела од минус еден до четири степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.