Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Дебар-Струга

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Од превентивни причини воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Дебар – Струга, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП “Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.