Забрана за камиони на патот Маврово – Дебар

Поради интензивни врнежи од снег, од синоќа во 23:10 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот превој Стража. Дожд врне во Mакедонски Брод, Дебар, Кичево и на планинските превои Буково и Пресека.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 15.11.2020 година во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.