Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планиските премини Стража, Пресека, Ѓавато, Плетвар и Маврово, како и на патниот правец Валандово-Дојран, соопшти утрово Автомото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег, по интервенција на дежурните екипи од Македонија пат. Снег со слаб интензитет паѓа во целата држава.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег, по интервенција на дежурните