Фејсбук страната на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп и Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, односи дека: согласно препораката од Министерството за култура и туризам, а на барање од самиот НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, по завршениот инспекциски надзор кој изврши идентификување на сериозни недоследности и отстапки од стандардите за безбедно работење на јавни институции, според член 141д. алинеа 2,3 и 4 од Законот за заштита и спасување, со усна наредба се забранува користењето на објектот на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за масовни собири. Ова значи дека театарот привремено се иззема од функција за сите видови официјални театарски претстави, настани и активности со поголем број посетители. Сите идни премиери и настани со поголема публика се одложуваат на неопределено време. Прилепскиот театар информира дека и понатаму ќе се одвиваат подготовки за претстојните премиери и проби на актерскиот ансамбл, додека чекаат на официјалната писмена забрана за јавни настани од масовен карактер. За понатамошни одлуки од надлежните институции се молат сите информации да се добиваат преку официјалните канали на НУЦК „Марко Цепенков“ и НТ „Војдан Чернодрински“. Театарот и центарот за култура се фокусирани на обезбедување безбедна средина за публика, и својата важност ја гледаат во овозможување нормална, непречена интеракција со посетителите.
The post Забрана за користење на објектот Народен театар „Војдан Черодрински“ – Прилеп за масовни настани appeared first on 365.mk.