Забрана за сообраќај на камиони на патот Маврово – Дебар

Заради интензивни врнежи од снег на патниот правец крак Маврово – Дебар утрово во 7:30 часот, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила, соопшти Автомото сојузот на Македонија.
На останатите патишта во државата сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози. На некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот. Слаб снег провејува на планинскиот превој Буково.
Намалена видливост заради магла од 100 до 150 метри има на патните правци Битола – Прилеп, Битола – Демир Хисар, Битола – граничен премин Меџитлија, до 50 метри на патните правци Куманово – Свети Николе и Велес – Градско и од 20 до 30 метри на патниот правец Берово – Виница.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.