Забранет пристап за невработени

„Забранет пристап за невработени“ е таблата која ги пречека активистите од иницијативата „Го сакам Водно“ утринава.Иако владиниот Потпарол и Премиерот ги осудија вчерашните настани се остана на зборови и лажни изјави за јавноста . 
Активистите кои не даваат да се исече шумата и да се уништува природата со градење на гасоводот на Водно биле изненадени откако ја забележале таблата на која пишува „Внимание! Изградба на гасовод – Забранет приспат за невработени“. На ова активистите со пенкало и на лист хартија напишале „Забранет пристап за уништувачи на природа“. Овие храбри луѓе иако вчера буквално беа газени со багери втор ден се жив штит и го бранат Водно.
Шарените Револуционери ги нема , тие кои што протестираа за се и сешто , одеднаш не им е гајле за Водно и неговото уништување а го гушкааа ГТЦ . СМЕШКИ …ЛИЦЕМЕРИ …
Граѓанската Иницјатива ГО САКАМ ВОДНО  утрово преку соопштение до јавноста наведуваат дека активностите за изградбата на гасоводот преку Водно продолжиле на диво и бараат дебата со директорот на МЕР, градоначалникот на Скопје и заменик министерот на Министерството за животна средина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.