Забраните за посети во болница не важат за високите функционери на ДУИ

Бујар Османи од ДУИ на својот приватен профил на Фејзбук објави фотографија заедно со неговиот сопартиец Талат Џафери, кој е примен и хоспитализиран само со пневмонија на Инфективната клиника во Скопје, предизвика бројни реакции во јавноста.

Посетата во болниците е забранета, но не и за фукнционерите на ДУИ!

– Вчера бев дежурен на Клиника, а Џафери не е позитивен на корона, е одговорот на Османи, прашан како се нашол на Инфективната клиника за време на епидемијата со коронавирус.

Бујар Османи во посета на Џафери дошол со сопартиецот Неџати Јакупи кој моментално е актуелен директор на Клиника за торакална и васкуларна хирургија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.