Многу истражувања го поврзувале кафето со намалување на ризикот од деменција, забрзан метаболизам и намален ризик од рал. Се разбира, тука е и дополнителната енергија која не покренува наутро… Но, постојат и малку помалку добри ефекти од кафето, односно ситуации во кои треба да се одбегнува или барем намали неговата консумација.
Ако кафето е претопло
Место да го пиете веднаш, почекајте малку да се олади. Според СЗО, консумирањето топли напитоци го зголемува ризикот од рак на хранопроводот. Со додавање на млеко или крем може да се намали температурата за неколку степени, но најдобро е едноставно да почекате малку да се излади.
Ако сте склони на анксиозност
Ако се чувствувате како да сте на работ, пиењето уште едно каде би можело да создаде дополнителен проблем. Кофеинот делува стимулативно на нервниот систем затоа што стимулира лачење на кортизол што може да ја зголеми анксиозноста и да доведе до проблеми со спиењето. За да го намалите влијанието на кофеинот обидете се да го намалите количеството на кофеин, па последното кафе нека ви биде 6 часа пред одење на спиење.
После непроспиена ноќ
Кафето може да делува како природно решение за непроспиена ноќ, но може да помогне само во одрена мера. Ново истражување покажува дека кофеинот престанува да биде ефиаксен начин за будење ако повеќе од 3 последователни вечери сте спиеле помалку од 5 часа. Причина е фактот дека толку малку сон предизвикува пад на вашите менатлни способности кои ни најголемо количество кофеин не може да ги поправи. Ако не можете да заспиете најмалку 7 часа секоја ноќ, можеби најдобро ќе биде кафето да го прескокнете, а кога ќе ви опадне нивото на енергија обидете се да отспиете.
Штом се разбудите
Пиењето кафе во 7 часот наутро нема многу да влијае на нивото на вашата енергија. Причина е фактот дека вашите хормони на стрес се на највисоко ниво токму кога ќе се разбудите, заради што имате природен налет на енергија. Стручњаците се согласуваат дека најдобро време за консумација на кафе е меѓу 10 и 12 часот, кога нивото на кортизол почнува да опаѓа. На тој начин ќе го искористите природниот налет на енергија кој се јавува наутро.