Заврши третото издание АНДЕРФЕСТ

Оваа година по трет пат се одржа музичкиот фестивал Андерфест во Скопје.
Како и минатите успешни изданија, така и овој пат фестивалот покажа дека
во нашата држава има квалитетна македонска музика. Настанот се одржа
според протоколите и тоа со 30% присутност на публика и задолжителен
сертификат за вакцинација.

Фестивалот започна со Девојките или The Chicks кои со својата позитивна
енергија уште на самиот почеток ја освоија публиката. Стајлинг, шарм,
убавина и елеганција како да фалеше на сцената, која тие со нивниот
настап ја пополнија.

После нив беа младите и симпатични Fiction, кои публиката одлично ги
препозна, потпевнувајќи ги нивните песни и хитови. Кога бендот ја најави
последната песна, како да се знаеше дека дојде време за изведба на
песната Техно.

Трети по ред беа искусните и добро етаблирани Милко, кои со својот
мелодичен инди-поп звук докажаа дека нивната децениска напорна работа и
творештво се веќе созреани и одлично се вклопуваат во ова модерно време
во кое живееме.

Фестивалската вечер ја затворија Decoy, кои изведоа трибут на групата
Paramore. Младите и талентирани членови на бендот беа многу блиску до
нивните оригинални настапи. Кога го најавија крајот, и се симнаа од
сцената, публиката започна без престан да бара да исвират барем уште
песна. Поведени од нивните желби се вратија на бис и ја изведоа The Only
Exception, а публиката …. искрено, немаше човек кој не ги покажа
своите емоции и непееше заедно со нив.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.