Завршува мандатот на Кацарска како претседател на Уставен суд, денеска се избира нејзиниот наследник.
Уставен суд денеска избира нов претседател откако на досегашната претседателка Добрила Кацарска и завршува тригодишниот мандат.
Во трка за претседателската фотелја се Насер Ајдари, Осман Кадриу, Дарко Костадиновски, Фатмир Скендер, Татјана Васиќ Бозаџиева, Елизабета Дуковска, Јадранка Дабовиќ-Анастасовска и Ана Павловска-Данева.
За да биде избран нов претседател неопходно е околу него да се усогласат најмалку шест судии па затоа тука неопходна ќе биде и поддршката на Насер Ајдари, Осман Кадриу, Дарко Костадиновски, Фатмир Скендер.