Загадениот воздух предизвикува смрт кај 15 проценти од заразените граѓани со Ковид19. Последната студија на експерти од Германија и Кипар со загрижувачки податоци , во Европа во голем процент луѓето страдаат поради аерозагадувањето.
„Кога долгорочно загадување на воздухот се комбинира со инфекција со Sars-CoV-2, тоа се одразува негативно на здравјето – особено на срцето и крвните садови“ предупредува авторот на студијата.
Воздухот опасен за дишење и навечер но и преку ден. Високи концентрации на штетните пм се регистрирани во Квадарци, Куманово, Скопје. Од метрополата најзагаден е воздухот во Лисиче каде вчера во 23ч беа измерени 269 ПМ10 . Интервентни мерки нема иако веќе една недела трае ваквата состојба.
Поради алармантните бројки на заразени и штетниот воздух лидерот на опозицијата Мицкоски бара да се ослободат од работа најранливите групи граѓани.
„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство Филипче и до политичката комисија за заразни болести, хронично болните да се ослободат од работа. Посебно тие со белодробни заболувања“, пишува Мицкоски.
Екологистите реагираат дека мерките на властите не даваат резултати и бараат законски измени.
„Мерките се стихијни и не го решаваат проблемот, потребна е интерсекторска соработка и мн поголем буџет бидејќи ова е најсериозниот еколошки проблем во државата. Мора да се донесат и законски измени за забрана на горење фосилни горива“.
Во меѓувреме на советот во град скопје денеска се гласа зелен акциски план за кој активистите велат дека не знаат што стои во финалната верзија а ги засега сите граѓани и треба од нив одобрување.