Загадувањето на воздухот штетно за интелегенцијата

Според студија од истражување спроведено во Кина, загадувањето на воздухот има штетно влијание врз интелегенцијата.Загаденоста на воздухот најмногу влијае врз постарите мажи.
Постојаното исложување на загаден воздух може да биде поврзано со когнитивните способности, јави Би-Би-Си пренесувајќи истражување на Универзитет во Пекинг и Универзитетот Јеил од САД.
Американските и кинеските истражувачи следеле четири години однесување на 20.000 луѓе од двата пола во Кина, а најмладите испитаници имале десет години.
Научниците веруваат дека штетното дејство се зголемува со возраста и дека штетните супстанции најмногу влијаат врз мажите со пониско образование.


Тие веруваат дека резултатите од истражувањето се важни за целиот свет – 80 проценти од светското население дише воздух со висок процент на штетни честички.
Во студијата во која учествуваа истражувачи на Универзитетот во Пекинг и Универзитетот Јејл од САД ги проучуваа нивоата на сулфр диоксид, азот диоксид и честчки помали од десет микросантиметри во дијаметар во областите каде што испитаниците живееле.
Истражувањето било спроведено помеѓу 2010 и 2014 година и содржело 24 прашања од математика и 34 прашања за познавањето на светот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.