Загатки и шеги кои ќе ги разберат само интелигентните луѓе!

Сите сакаме да се насмееме на добра шега или интересна загатка. Денешната збирка загатки и шеги е наменета за оние коишто малку повеќе внимавале на часовите по физичка, логика и кои повеќе се интересират за наука.
1 . Што добивате кога ќе пресечете виц со реторично прашање?
2. 3 логичари одат во кафуле. Шанкерот ги прашува: „Дали сите сакате пијалок?“
1: „Не знам“.
2. „Не знам.“
3. „Да.“
3. Ајнштајн, Њутн и Паскал играле криенка. Му дошол редот на Ајнштајн да бара и да брои до 10. Паскал побегнал и се скрил. Њутн на подот нацртал квадрат со големина од 1 квадратен метар пред Ајнштајн и останал да стои таму. Ајнштајн завршил со броењето, го гледа Њутн и вика: „Аха, Њутн, те видов!“, а Њутн му одговорил: „Не, го најде Паскал!“


4. Римјанец оди во бар и бара мартинус. Шанкерот вика: „Мислите мартини?“, а овој му одговара: „Да сакав дупла доза, така и ќе ти кажев!“
5. Уште еден Римјанец оди во бар, подигнува два прсти и вика: „5 пива ќе ве молам“.
6. Жената на логичарот се породила. Докторот му го дава детето на таткото. Неговата жена нестрпливо го прашува: „И, што е, девојче или момче?“ Логичарот вика: „Да“.
7. Ентропијата не е тоа што била претходно.
8. Хелиум оди во бар и нарачува пиво, а шанкерот вели: „Извинете, но овде не служиме племенити гасови.“ Тој не реагира на тоа.
9. Шродингеровата мачка влага во кафуле. И не влага.
10. Жената на програмерот му вели на мажот: „Оди до продавница и купи една векна леб. Ако имаат јајца, земи 10.“ Програмерот се вратил дома со 10 векни леб.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.