Во експлозија во џамија во центарот на сириската престолнина Дамаск, загина истакнатиот верски водач Мохамед ал Бути и најмалку уште 13 лица, додека 40 се повредени.Државниот канал „Сирија ТВ“ јави дека мета на „терористичкиот самоубиствен напад“ била џамијата Иман во центарот на Дамаск.Бути, за кого се верува дека имаше над деведесет години, беше приврзеник на претседателот Башар ал-Асад и имам на историската џамија Умајад во Дамаск.Тој беше истакнат сунитски верски водач во Сирија,чии говори на молитвите во петок често беа емитувани на државната телевизија.Телевизијата „Ал Ихбарија“ емитувале грозоморни снимки од џамијата, на кои може да се видат десетина тела и повеќе екстремитети на крвавиот под, како и припадници на брзата помош кои изнесуваа тела од џамијата.Репортерот на оваа станица јави дека бомбаш самоубиец влегол во џамијата и се кренал во воздух.
МакфаксВо експлозија во џамија во центарот на сириската престолнина Дамаск, загина истакнатиот верски водач Мохамед ал