Загина 22-годишно момче од кичевско, со возилото излетало од пат!

Денеска (15.08.2024) во 01.50 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Гостивар, патничко возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.А.(22) од с.Туин, кичевско, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што подоцна починал.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.