Ракометарите на КО Загреб ја освоија титулата во СЕХА лигата, откако во финалето на завршниот турнир го совладаа Вардар со 25:24.
Финалниот натпревар, во кој Вардар влезе како бранител на пехарот, беше решен во продолежението, откако во регуланиот дел заврши со резултат 21:21. Прибак во последната секунда постигна гол со што на ‘црвено-црните’ им обезбеди продолженија. Во продолженијата многу повеќе нерви имаат играчите на Загреб кој предводени од Степанчиќ и Шпилер ситгнаа до победата. Инаку во текот на целиот натпревар се водеше вистинска ‘рововска битка’ во која ниту еден тим не успеа да создаде предност поголема од три голови. Степанчиќ со седум, односно Шпилер и Матулиќ со по шет голови го предводеа Загреб до титулата во СЕХА лигата. Кај Вардар се истакнаа Карачиќ со пет, Петриќ со четири голови и голманот Милиќ со 13 одбрани.
Макфакс
Ракометарите на КО Загреб ја освоија титулата во СЕХА лигата, откако во финалето на завршниот