Родителството е тешко. Особено ако имате дете што постојано плаче. Вие викате колку што ве држи гласот, нагласувајќи ги сите негови грешки и ништо не се случува. И покрај сè, тоа се насолзува. Овој проблем ѝ бил многу добро познат на една мајка која решила да побара совет на Куора со прашањето: „Како да ја научам мојата 16-годишна ќерка да престане да плаче кога ја карам за нешто што направила погрешно?“ Мислите дека го знаете точниот одговор? Сигурни сме дека грешите. Во продолжение следува одговорот на Алиша Џордан, што била во ситуацијата на 16-годишното девојче, како и нејзина фотографија. Токму затоа и секоја мајка што вика на своите деца мора да го прочита!
Не грижи се за тоа. Со тек на време таа самата ќе престане да плаче. Ќе те погледне со умртвени очи, конечно отрпната на болката. Ќе се запраша зошто воопшто се грижела за твоето мислење. Ќе се запраша и зошто сакала да те задоволи или да те направи горда. И потоа ќе продолжи понатаму.
Секојпат кога ѝ викаш, тоа е како да ѝ удираш шлаканица по лицето. Во моментов таа претпоставува дека вината е нејзина. Но, еден ден ќе сфати дека вината е твоја затоа што не си била доволно трпелива, и не си ѝ овозможила доволно насочување со љубов кога правела грешки.
Таа ќе престане да плаче кога ќе ѝ викаш затоа што веќе нема да се грижи за тебе. Дали е ова тоа што го сакаш?
Со почит,
Ќерка на која исто така ѝ викале
Што мислите вие на оваа тема? Дали сметате дека може да се разговара со децата што прават грешки, исто како тие да се возрасни и зрели личности, или единствениот начин да направите некаква промена во нивниот живот е да им викате?