Европските акции ослабнаа во вторникот поради загриженоста за глобалниот раст, со тоа што еден од најголемите губитници беше групацијата LVMH, сопственик на луксузниот бренд Louis Vuitton.Лондонски FTSE се намали за 0,36 отсто на 6.320 поени, франкфуртски DAX беше во минус за 0,19 отсто на 7.698 поен, додека париски CAC падна за 0,04 отсто и изнесуваше 3.709 поени.Падот на европските берзански индекси е одраз на вчерашниот пад на Волстрит поради неочекувано слабите податоци за кинескиот економски раст во првото тромесечје и шокот од двете експлозии на маратонот во Бостон.Нервозата поради изгледите за економскиот раст дополнително во вторникот ги зајакна извештајот на угледниот институт ZEW кој покажа осетно слабеење на довербата на германските инвеститори во април, сигнализирајќи дека кризата во еврозоната ја погодува најтешката европска економија.„Денешниот извештај на ZEW го потенцира фактот дека нема што да се очекува од Европа во оваа година и дека прогнозите за добивка на регионот се сеуште премногу оптимистички“, толкува аналитичар на компанијата NatixisМеѓу водечките губитници беше и најголемиот производител на луксузна опремана светото, групацијата LVMH, која ослабна за 3,5 отсто поради слабата продажба на модни артикли и кожна галантерија. Ослабнаа акциите и на неговите конкуренти PPR, Burberry и Ricemont, помеѓу 1,3 и 2,8 отсто.Поостар ад на цените на акциите засега спречува обилната ликвидност која ја обезбедија централните банки ширум светот, велат аналитичарите.Пркосејќи му на негативниот тренд, акциите во секторот основни ресурси пораснаа откако закрепнаа цените на металите, како што е бакарот. Компанијата Ramdgold доби на вредност 5,3 отсто, а Fresnillo четири отсто.
МакфаксЕвропските акции ослабнаа во вторникот поради загриженоста за глобалниот раст, со тоа што еден од најголемите губитниц