Цената на нафтата се задржа во четвртокот над ниво од 111 долари со оглед дека прекинот во снабдувањето беше противтежа на неочекувано силниот раст на залихи на нафта во САД.
Цената на барел сирова нафта остана на лондонската берза речиси непроменета, на 111,81 долари, а на американската берза се тргуваше по 27 цени повисока цена од 90,70 долари.Инвеститорите го очекуваат исход од редовниот месечен состанок Европската централна банка (ЕЦБ) за монетарната политика и новите економски податоци кои треба да се објават во оваа недела со цел да ја подобрат сликата за изгледите за нафтената побарувачка кај најголемите светски потрошувачи.Цената на нафтата се најде под притисок откако во средата извештајот на американската влада покажа дека залихите на сировата нафта пораснаа минатата недела за дури 3,83 милиони барели. Се очекуваше раст за само 500 илјади барели.„Фактот дека американските залихи на сирова нафта скокнаа речиси осум пати повеќе од очекуваното укажува на слаба потрошувачка, што ќе ги притисне цените на американскиот пазар. Крајот на неделата ќе биде возбудлив кога се во прашање макроекономските податоци, а нафтените берзи тоа будно го следат“, рече Бен Ли Брун од сиднејски OptionXpress.Утре се очекува да бидат објавени и важни кинески трговски податоци за февруари, вклучително и оние за побарувачка на сирова нафта, а особено се очекува и податок за состојбата на американскиот пазар на труд.
Makфакс
Цената на нафтата се задржа во четвртокот над ниво од 111 долари со оглед дека прекинот во снабдувањето беше противтеж