Загрижувачки раст на новозаболени од КОРОНАВИРУСОТ. Дури 68 случаи од вчера до денес
Филипче ги објави последните статистики кај него на Фејбук. Може да се види дека од вкупните тестирани околу 17 проценти се позитивни. Дали тоа значи дека ако повеќе тестови се направат ќе има и повеќе откриени заразени??
Во изминатите 24 часа се регистрирани 68 нови случаи на Ковид-19. По градови:
– Скопје 15
– Куманово 18
– Прилеп 14
– Тетово 2
– Струга 10
– Велес 6
– Битола 1
– Гостивар 1
– Кочани 1
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 828 лица. Во изминатото деноноќие направени се 404 теста, а досега направени се вкупно 8.057 тестирања на коронавирус.
На инфективната клиника се примени 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 69. Од нив, 18 се на кислородна поддршка, а 8 на респираторна машина. Во ГОБ „8 септември“ примени се 9 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 31 пациент, од кои 6 се на респираторна машина.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти. Тие се стабилни, а 1 пациент е повремено на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат 8 пациенти со лесна клиничка слика.
Во болницата во Штип е хоспитализирани 13 пациенти, а уште 13 се следат на домашно лекување.