Министерот за правда, Игор Филков, изрази сочувство за младите кои го загубија животот во пожарот во дискотека во Кочани. Тој најави дека ќе се преземат мерки за одговорност на сите кои се поврзани со оваа трагедија. „Младите животи кои згаснаа во пожарот никогаш не требаше да бидат загубени. Оваа трагедија е потсетник дека треба да се бара одговорност. Иако зборовите не можат да ја намалат болката, справедливоста мора да биде исполнета. Секој што имал улога во потфрлањето на безбедноста ќе сноси последици. Ова не смее да се повтори. Нивните души нека почиваат во мир“, изјави Филков.
The post Загуба што повикува на акција и одговорност appeared first on 365.mk.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.