среда, 25 ноември 2026
Најново

Зад секое дете кое верува во себе, стои родител кој верувал во него!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Психолозите велат дека карактерот на детето се обликува додека е мало. Во тој период влијанието на родителите врз детето е најголемо. Тогаш тоа е како сунѓер кој прима и добро и зло. Од родителите зависат многу работи кои подоцна се одразуваат врз неговиот живот. Најважно нешто кое секој родител може да го направи за своето дете е да верува во него.
Овие нешта треба да да ги преземе секој родител за неговото дете да стане успешен човек со интегритет:
Да му влее самодоверба. Многу е важно детето да се здобие со самодоверба уште од мали нозе. Подоцна ќе може многу полесно да ги надмине сите препреки во животот. Самодовербата е отскочна даска која подоцна помага во сите области од животот.
Да го насочи. Детето уште од мали нозе добро е да биде насочено. Да знае што треба да прави, а што не. Да знае како да ги подобри некои работи, или да ги исправи ако згреши. Да знае кои работи се добри за него и да ги прифати такви какви што се. Да знае на што да внимава а на што да се посвети.
Да му покаже дека е сакано. Саканите деца се среќни деца. Децата кои растат во семејство полно со љубов израснуваат во стабилни деца со цврст карактер. Полесно се борат со искушенијата и знаат дека имаат морална поддршка од своите родители.
Да го научи само да размислува. Многу е важно детето да може да научи само да размислува и да донесува добри одлуки уште додека е мало. Сето тоа како бумеранг ќе му се врати подоцна во животот. Тоа уште од самото раѓање е своја личност и сака да донесува свои одлуки, но добро е тие да бидат корисни за него и за другите.
Да се биде родител не е лесно, но е бесценето. Да се биде родител е процес кој трае целиот живот.

Поврзани вести