Заев: Ако не добиеме датум за преговори ќе има политичка криза

Во емисијата “360 степени“ премиерот Заев кажа дека очекува Македонија да добие датум за преговори во јуни или во јули. Тој е оптимист и вели дека Европа треба да го испорача тоа што и беше ветено на земјава.
Доколку Македонија да не го добие датумот за отпочнување на преговори со Европската Унија тоа не би биле внатрешните работи во земјава, туку случувањата во регинот, пред се во Албанија, која овој пат оди во пакет со Македонија, вели Заев.
-За нас ние имаме позитивен амбиент, поради Договорот од Преспа и направените реформи. За жал констелациите не се добри, затоа постои дебата. Тука мислам на Албанија, и на Косово-Србија прашањето. Но верувам дека нема да се дозволи во ниеден момент после 14 години кандидат, и од 2009 година позитивна препорака, повторно бидеме одложени, дефинитивно тоа не е во полза тоа ниту на ЕУ – изјави Заев во интервју за „360 степени“.
Неговите очекувања се дека јули е реална опција Македонија да добие датум за преговори, во спротивно земјава, како што вели тој, ќе се соочи со политичка криза.
-Ако добиеме пречка таа нема да доаѓа од дома. Нема претседател, канцелар, премиер кој ги става под прашање нашите перформанси. Заради констелациите со сите други земји, ќе се знае кога ќе биде одлуката. Доколку немаме датум ниту во јуни ниту во јули тогаш ќе се соочиме со политичка криза, затоа што ги ставивме сите карти на нашата интеграција во ЕУ. Тоа се очекувањата на нашите граѓани, би било проблематично доколку не се испорача тоа – кажа премиерот Заев.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.