Премиерот Заев би ги отворил сите граници – веднаш

На денешната прес-конференција премиерот Зоран Заев кажа дека не гледа ништо спорно во изјавата на албанскиот колега Еди Рама за отворање на албанските граници кон соседите, вклучително и кон Македонија. Во пораката на Рама премиерот Заев препознава единствено економски бенефит и забрзување на протокот на патници и стока.
– Јас би ги отворил сите граници веднаш, како што е во ЕУ, и те како знам дека довербата мора да ја пренесуваме едни на други. Процесот мора да продолжи, односно ние да им веруваме на институциите во Србија и Албанија кога ги даваат документите за влез во Македонија, рече премиерот на Р.Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.